Калина Љубецкиј
Калина Љубецкиј е ученичка во трета година во скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“.
Се интересира за сите форми на уметноста уште од рана возраст, но најмногу за архитектурата и сликарството кои отсекогаш ја привлекувале. Искрено е заинтересирана за пишување поезија и има желба да се развива во таа насока.
Во 2019 година учествувала на книжевната работилница „Скопски креативни приказни“ под менсторство на Марина Мијаковска, Елена Пренџова и Ирена Јурчева, а под покровителство на Град Скопје и во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје и „Просветно дело“, во рамките на која е издаден зборниот Кратки раскази за Скопје (2019) во кој, секако, се објавени и нејзини авторски дела.
Во 2020 година присуствувала и на предавањето и работилницата за јапонски кодирани форми, водена од Марина Мијаковска, а под покровителство на Град Скопје и во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје.
Хаику
шушкање надвор
одвнатре допира глас:
дојди, погледни.
* * *
игра на бои
помеѓу столбовите –
восхит одекна.
* * *
балкон кон Скопје,
мирно се пласти снегот.
градот мирува
* * *
бел ходник, сала
нечие дело пред тебе -
ќе се замислиш
Хаинаку
спој:
мермер, камен –
модерно наспроти старо.
* * *
зборови
на лист –
линии во просторот.
* * *
не
гледаат слики
низ сопствени очи