top of page

Ментори

Elena_photo.jpg

Елена Пренџова е магистерка по филолошки науки и дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност. Работи како советничка за превод при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а предава и во Центарот за обука ЕВА (Едукативна вокациска асистенција).

 

Пренџова е првата во нашата земја која почна да менторира работилници за креативно пишување, реализирајќи ги своите работилници и надвор од земјата:

 

  • октомври-ноември 2019: Менторка на серијата креативни работилници за креативно пишување наменети за основци/основки и средношколци/средношколки што се одржуваа во 6 градови низ Македонија со завршна приредба во Скопје – „Карван на креативни работилници за креативно пишување“ – со поддршка на Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ во 2019 година

  • март 2019: Коменторка на работилницата за креативно пишување „Мали приказни од Скопје“ во соработка со „Просветно дело“, Скопје – со поддршка на Град Скопје во 2019 година

  • март 2019: Коменторка на работилница за креативно пишување во градската библиотека „Бора Станковиќ“ во Врање, Србија во склоп на манифестацијата „Борински литературни денови“, организирана од градот Врање

  • август 2018: Коменторка на слем-работилница во рамките на Интернационалниот филмски фестивал „Оревче бич фестивал“

  • март 2018: Менторка на работилница по креативно пишување на ориентални кратки поетски форми во „Врајтинг студио“, Скопје

  • февруари 2018: Менторка еднодневната едукативна работилница по креативно пишување на тема „Ориентални кратки поетски форми – ХАИКУ И СЕНРЈУ“ во рамките на проектот „Самодовербата и социјалната инклузија предуслов за достоинствено старењее“ во Куманово

  • декември 2017: Коменторка-инструкторка на работилница „Уметничка креативност во поезијата“, проект „Социјална инклузија на лицата од трето доба“ во рамките на проектот на Републичкиот одбор на Црвениот крст на Македонија во Скопје

  • декември 2016: Менторка по слем-работилница со средношколците од Охридската гимназија, спроведена преку Националниот младински совет на Македонија (НМСМ)

  • октомври–ноември 2015: Хонорарна менторка по работилниците за стилски вежби по креативно пишување „Надреалистички техники по пишување“ во школата за уметности „Џолев и уметностите“.

 

Пренџова е авторка на десетина авторски збирки поезија:

 

  • Шшш! Интимистичка Вајбер поезија (прво и второ издание) – национална награда „Јован Котески“ за најдобра поетска книга

  • Мини прирачник за поезија, книга есеи, говори, коментари и размисли за поезијата

  • Љубољубива/Политички коректна поезија, издание на српски јазик (препев: Катарина Фиаменго)

  • 2014   Љубољубна – награда „Караманов 2014“ за најдобар поетски ракопис

  • 2014   Политички коректна поезија - награда „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од авторка, членка на Друштвото на писателите на Македонија

  • Život pod zvezdama, издание на хрватски јазик (препев: Жарко Милениќ), Брчко, БиХ

  • 2013   Живот под ѕвездите – награда „Македонска книжевна авангарда“ за ново авангардно книжевно творештво за необјавен поетски ракопис

  • 2011   Пораки од морето – награда „Бели мугри“ за најдобар поетски ракопис на млад автор

  • 2009   Таа

  • 2006   Јас

 

Пренџова се занимава и со слем-поезија и изведбена поезија. Ја претставувала Македонија на Европското слем-првенство во 2016 г. Пренџова е коорганизаторка на Националниот слем-натпревар.

 

Пренџова го коорганизира и културниот настан за правата на жените – „Крикот на жената“ – Интернационален поетски и уметнички фестивал со цел поддршка на правата на жените и против насилството против жените (со интернационална лиценца добиена од Шпанија).

Jane_photo.jpg

Јане Стојаноски дипломирал на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2009 година на тема „Програмско инфилтрирање: културно-информативен пункт, музеј, кафе, Кале – Скопје“.

 

Работел како демонстратор на Архитектонскиот факултет во Скопје и како проектант-соработник во „Прима инженеринг“-Скопје. Моментално работи како планер во „Тајфа-план“ – Скопје.

 

Учествувал на повеќе работилници, конференции и изложби:

 

  • 2007    „Просторот како медиум“ – работилница за ревитализација на левиот брег на Вардар во организација на Архитектонскиот факултет во Скопје и градот Скопје;

  • 2008    Европски собир на студенти по архитектура (EASA), Ирска;

  • 2011    „Учење од модернизациите“, конференција во рамките на проектот „Недовршени модернизации“, Скопје;

  • 2011    „Failed architecture“, дебата во рамките на Неделата на архитектурата, Скопје;

  • 2011    Основачка конференција на „Мрежа 45+“ (интернационална мрежа на истражувачи на повоената архитектура во Европа), Берлин;

  • 2005    „Круг: ре-визија“, галерија Press to Exit, Скопје;

  • 2006/2008       БИСТА – Биенале на студентите по архитектура;

  • 2007    „Поинаку од секогаш: современиот дизајн и моќта на конвенционалното“, Музеј на современата уметност, Скопје;

  • 2009    „Ние“ – изложба по повод 60 години од основањето на Архитектонскиот факултет, Музеј на град Скопје;

  • 2011    АСК – Архитектура на град Скопје, Музеј на град Скопје;

  • 2012/2018       БИМАС - Биенале на македонската архитектура, Музеј на град Скопје.

 

Учествувал и на конкурсите за идејно решение на управната зграда на ЈП „Водовод и канализација“ (Скопје, 2010 год.) и „Менување на ликот“ – уредување и довршување на локацијата „Паромлин“ (заеднички труд со Невенка Манчева, Загреб, 2010 год.).

 

Во 2011 година заедно со Весна Митаноска и Невенка Манчева ја организира изложбата на концепти за интервенции на напуштени и запуштени објекти „Подмладување“ во културниот центар „КреАКТИВ“, а истата година заедно со Весна Митаноска ја организира и работилницата „Освојување на просторот“ наменета за неархитекти заинтересирани за продлабочено запознавање со архитектурата, на покана на културниот центар „КреАКТИВ“.

bottom of page