top of page

Ана Илиева

Ана Илиева - фотографија_bw.jpg

Ана Илиева е средношколка во скопската гимназија „Орце Николов“.

 

Инспирирана од учеството на 36. Детски Рацинови средби во 2003 година, понатамошното свое детство го минува пишувајќи поезија и проза и посветувајќи ѝ се на литературата како најголема животна цел и љубов.

 

Нејзини авторски дела се објавени во седум зборници поезија, меѓу кои: Современа македонска поезија за деца: Весела дружина во 2015,  зборникот од седмиот меѓународен фестивал на поезија и проза „Фантазија и сништа“ во 2017 и зборникот Јас, ти и Скопје во 2018 година.

 

Во Скопје, има организирано две поетски читања – „Хуметност“ како дел од големиот хуманитарен настан со цел помош и поддршка на децата од Дневниот центар за деца на улица „Скопски летни воздишки“ каде самоиницијативно се обидува да го разубави и раздвижи градот кој ѝ е најголемата инспирација за пишување.

 

Покрај пишувањето, таа е вљубена и во волонтирањето – членка е на Здружението за едукативен развој „Еквалис“ во тимот на млади активисти и активистки, граѓанската организација „Младите можат“ во тимот за кариерно насочување и Радио МОФ во тимот на млади новинари и новинарки.

 

Учествувала на повеќе едукативни програми, од кои особена важност имаат програмите за родова еднаквост „Што врска има родот со тоа?“ (What’s gender got to do with it?) во Скопје, од каде произлегува и средношколското списание „Роднаквост“ и „Летс ток, хау ви ток абаут џендер“ (Let’s talk, how we talk about gender) во Полска, каде што преку форум-театарот се обидува да ја подигне свеста дека во еднаквоста меѓу сите луѓе се крие убавината на животот.

Хаику

 

горе, над Скопје

Музеј на современа -

инспирација.

* * *

неделно утро,
искачувај врвови –
љубов ни е музејов.

 

* * *

 

вечно бркање:
губитнику, замини!
ти доаѓаш пак. 

 

* * *

 

не, не се смеам.
не, нема ни да плачам.
паднав на меко.

 

* * *

 

нè погледнува,
мислиш ќе ни прозбори

од полиците!

Американско хаику

 

недела!
ќе заврне снег –
радости.

 

* * *

 

Бескрајно –
наше место е, 
среќа е.

 

 

Танка

 

ти велам: љубов,
ѕирни кон слободата –
детска безгрижност!

 

надвор нè грее сонце,
во душа е мрак.

 

* * *


во лавиринтот
на изгубена надеж
ти си песна –

 

неостварена желба,
музеј на скршени срца.

* * *

во Современа,

над скопската чаршија,

соединети

есен и монотонија,

кон зима и тишина.

Сенрју

вешта сум, леле,

колку и невештите -

хартија цел куп!

Ana_1.jpg
Ana_2.jpg
Ana_3.jpg
Ana_4.jpg
bottom of page