top of page

Анастасија Саздовска

анастасија1_bw.jpg

Анастасија Саздовска е ученичка во трета година во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје.

 

Се занимава со пишување поезија и проза, графички дизајн, филм и фотографија.

 

Волонтира и учествува на различни работилници поврзани со уметностите.

 

Учествувала на повеќе поетски читања, меѓу кои на „Ноќите без интерпункција“ на 55-тото издание на Струшките вечери на поезијата во 2016 година.

 

Учесничка е на работилници за креативно пишување поддржани од Градот Скопје, издавачката куќа „Просветно дело“ и Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје во декември 2018 и во ноември 2019 година. Како резултат на тие работилници се објавени

зборникот поезија Јас ти и Скопје и алманахот Скопски креативни приказни каде се поместени и нејзини авторски творби.

 

Нејзините песни од зборникот Јас ти и Скопје се промовирани во арапскиот неделен весник за поезија „Ал нашер ал усбои“ (AL NASHER AL USBOI / الناشر) од агенцијата за книги на Шаржа (Sharjah Book Authority / هيئة الشارقة للكتاب) во Обиденетите Арапски Емирати.

 

Во 2019 година, била учесничка и на работилницата за документарен филм во Србија во организација на Филмскиот Едукативен Центар Интеракција (Filmski edukativni centar „Interakcija“ – FECI).

 

Истата година, во препев на шпански јазик, нејзината песна „Имам сон“ шпанскиот визуелен уметник и поет Мануел Боканегра (Manuel Bocanegra) ја изведуваше на фестивалот „Ни уна меснос“ (Ni una menos), кој се одржува секоја година во Пасаја, Шпанија со цел да се покрене свеста за жените жртви на родово базирано насилство.

Хаику

 

подлога на

црна точка –

црнее белина.

 

 

Хаинаку

 

тишина.

нешто штотуку

умре во себе.

* * *

Зградата

ја градат

сурови забетонирани одлуки.

Превртено хаинаку

Почетокот порано почна.

Часовникот одбројува

штама.

* * *

Соновите те лажат:

едноставна е

смртта.

Anastasija_3.jpg
Anastasija_4.jpg
Anastasija_1.jpg
Anastasija_2.jpg
bottom of page