top of page

Софија Тодороска

sofija_bw.jpg

Софија Тодороска е ученичка од трета година во гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“ во Скопје.

 

Со пишување се занимава од многу рана возраст и тоа станува нејзин начин за самосознание. Љубовта кон уметноста и архитектурата и желбата за нејзино подробно запознавање претставуваат мошне интересен спој со поетското изразување.

 

Авторка е на поетската збирка Бубамари и бели ради (2020).

 

Добитничка е на награда за поетско дело при конкурсот распишан во чест на децата бегалци од Егејска Македонија при „Петтата светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија“ во 2018 година.

 

Во 2019 година учествувала на работилницата за краток расказ „Скопски креативни приказни“ под менторство на Ирена Јурчева, Марина Мијаковска и Елена Пренџова, во организација на „Просветно дело“ и Културниот дом „Кочо Рацин“ од Скопје, со покровителство на Град Скопје.

 

Во 2020 година присуствувала на креативната работилница за пишување на кодирани јапонски жанри водена од Марина Мијаковска.

Хаику

 

Трите грации

врз студенило спијат –

за да го стоплат.

 

* * *

 

мртви допири

сиот живот го кријат

под плашт од боја

 

* * *

 

ноќта е темна.

дождот ќе ја поплави –

тонат зеници.

 

* * *

 

светнала капка.

тело на месечина.

уста од земја.

 

* * *

 

дише мислата

во влажна далечина –

сите спиеме.

 

Танка

 

 

бел ѕид, слобода,

дели многу светови.

чекор кој стои

 

пие жед во очите –

се ронат зениците.

 

* * *

 

столб до столб – цел свет

ќе го скрие овој цвет

на патниците.

 

лежат нечии прсти

врз пространа белина.

 

* * *

 

денес вечерав,

нешто малку остана,

мала чинија –

 

ронки од далечина;

чашата се прелива.

 

* * *

лисја во јута

облековме, во говор

се украсивме.

моето време гасне,

твоето сега стана.

* * *

време без узди.

минуваш ти во место -

се спасуваме.

две времиња што минат

имаат мала средба.

 

 

Лун

 

бели погледи.

празно е.

сè претекува.

 

 

 

 

Sofija_2.jpg
Sofija_3.jpg
Sofija_1.jpg

Хаинаку

 

 

 

прсти,

обоени отисоци –

бескрајно бели светови.

 

* * *

 

седиме.

гласно говориме.

мртво ќе заминеме.

 

 

 

Сомонка

 

ние молчиме,

цветовите говорат –

ти ги дарувам;

 

прими ги листовите

од мојата градина.

 

спијат прстите,

уморни се од молкот,

пеат капките роса.

 

ним дари им тишина.

тишина ним дари им.

 

 

 

 

 

 

 

bottom of page